Во Атланта отпуштени двајца полицајци поради употреба на прекумерна сила на протест

Од:

Двајца полицајци во Атланта се отпуштени од работа, а тројца се преместени на канцелариска должност, во очекување на проценката за можна прекумерна употреба на сила за време на протестот против расизмот одржан во градот во саботата, изјави градоначалничката на Атланта, Кејшса Ленс Ботомс.

Одлуката е донесена откако Ботомс и директорката на полицијата, Ерика Шилдс, ги разгледале снимките од местото на настанот.

Шилдс ги оцени снимките како шокантни, додека Ботомс истакна дека не е прифатлива прекумерната употреба на сила.

На снимките се прикажани група полицајци во опрема за разбивање демонстрации и гас-маски кои опколиле возило во кое биле маж и жена.

На видеото е регистрирано дека полицајците ја извлекле жената од возилото, додека против мажот употребиле пиштол за зашеметување. Потоа, на жената, која била легната на земја, ѝ ставиле лисици.

Шилдс се извини за инцидентот и додаде дека однесувањето на полицајците било неприфатливо.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат