Во Атланскиот Океан пронајден исчезнатиот руски брод „Љубов Орлова“

Од:

Во Атланскиот Океан е пронајден рускиот брод „Љубов Орлова“, кој од 24 јануари слободно плови низ отворениот океан без екипаж и предупредувачки светла.

Местоположбата на бродот била утврдена од американската Национална агенција за геопросторно разузнавање. Бродот е откриен на 2.400 километри западно од брегот на Ирска. Експертите сметаа дека тој претставува опасност за животната средина и стравуваа дека може да удри во некоја нафтена платформа.

– Во случај на судар, потонување или која било друга несреќа „Љубов Орлова“ веднаш ќе го испшушти горивото, пираленот и другите токсични течности, азбест, жива и друг нерастворлив отпад, предупреди во вчерашното соопштение француската еколошка организација „Робен де Буа“ (Робин Худ).

Бродот, произведен 1976 година, исплови од канадскиот брег на 23 јануари и требаше да биде одвлечен во отпад во Доминиканската Република. Но, еден ден подоцна пукна кабелот и бродот остана во меѓународни води. Потоа беше прикачен на „Атлантик хок“, но „Љубов Орлова“ повторно се откачи.

Бродот, долг сто метри, е именуван по руската филмска ѕвезда од 30-тите години.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети