Во Аргентина за време на карантинот убиени најмногу жени во последните 10 години

Од:

За време на карантинот во Аргентина воведен поради пандемијата со Ковид-19, убиени се 50 жени, што е највисока бројка во последните десет години, предупреди феминистичката група „Ла Каса дел Енцуентро“.

– Многу сме загрижени. Станува збор за највисока бројка во последните десет години. Жените или се претепуваат до смрт или се задавени, изјави директорката на феминистичката група Ада Рико.

Таа додаде дека во последните четири дена убиени се три жени.

Според податоци на Обединети нации во Јужна Америка 12 жени дневно страдаат во фемицид, а најголем број од убиствата поминуваат неказнето.

– Жената е изолирана заедно со насилникот, кој ја напаѓа. Така затворена, често не може ниту телефонски да се јави, посочи Рико.

Според неа најмалку 49 се убиени во периот од 20 април до 14 мај, што е зголемување за повеќе од 30 проценти во однос на 2018 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски