Во Англија бесплатни тестови за Ковид-19 двапати неделно

Од:

Граѓаните на Англија ќе имат право на бесплатни тестови двапати неделно објави денеска британската влада. Досега бесплатното тестирање беше достапно само за најранливите категории.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека тестирањето е крајно неопходно за да не се загрози досегашниот успешен тек на вакцинациата.

„Со оглед дека продолжуваме со добриот напредок во програмата за вакцинирање, а и планот за попуштање на мерките е во тек, редовното тестирање е уште поважно за да бидеме сигурни дека досегашните напори нема да бидат залудни. Затоа нудиме бесплатни тестови за сите во Англија“ – рече Џонсон.

Компаниите кои имаат повеќе од 10 вработени ќе можат да побараат тестови, редовното тестирање ќе продолжи и во училиштата. Секој ќе може да се тестира во локалните центри за тестирање или да нарача тест на домашна адреса.

Би можело да ве интересира

Британија ќе овозможи трета доза вакцина против Ковид-19 за повозрасните од 50 години

Катерина Павлова-Николовска

Половина од британската популација ја примила првата доза од вакцината

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Илјадници протестираа во Лондон против рестрикциите, вакцините и ковид-пасошите

Во Британија 60 отсто помалку заразени по вакцинацијата

Катерина Павлова-Николовска

Во Британија се разгледува можноста за ограничување на употребата на вакцината на „Астра зенека“ кај помлади луѓе

Една седмина од Британците имаат симптоми на Ковид-19 три месеци по инфицирањето