Во американскиот Конгрес постигнат договор за кревање на лимитот на задолжување

Од:

Во американскиот Конгрес денеска беше постигнат договор за зголемување на лимитот за задолжување, соопшти шефот на демократите Чак Шумер, и додаде дека со него се избегна потенцијално катастрофална ситуација во која државата нема да може да ги плати доспеаните обврски.

-Имам добри вести, постигнавме договор за зголемување на лимитот на задолжување до декември, рече Шумер.

Договорот, постигнат по долги преговори со републиканците, ќе и овозможи на првата светска економија да избегне да се најде на 18 октомври во ситуација кога не може да ги плати обврските.

Според Министерството за финансии, на 18 октомври земјата би се нашла во ситуација да не може да ги плати долговите.

највисоката граница на задолжување на американскиот долг е фиксирана на нешто повеќе од 28 милијарди долари. САД во повеќе наврати го креваа овој плафон, така што земјата нема да остане без пари.

Меѓутоа, посочуваат француските медиуми, во време на претседателствувањето на Барак Обама, републиканците почнаа да го користат ова прашање како инструмент за политички притисок.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат