Се отвораат музеите и вежбалниците во американската држава Њујорк, но не и во градот

Од:

Музеите низ американската држава Њујорк и теретаните во делови од државата надвор од градот Њујорк повторно ќе можат да продолжат со работа во понеделник, согласно олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Според упатствата кои ги објави гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, максималниот број на посетители дозволени во музеите ќе се намали на 25 проценти од вообичаеното, а билетите ќе важат ограничено време.

Куомо исто така рече дека теретаните и фитнес-центрите од понеделник ќе можат да работат со третина од капацитетот, но градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио информира дека вежбалниците во градот ќе останат затворени најмалку до 2 септември.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски