Во американската држава Џорџија се одлучува за мнозинството во Сенатот

Од:

Во американската држава Џорџија се одлучува за мнозинството во Сенатот каде рекордни три милиони Американци учествуваа во предвремено гласање.

Републиканските сенатори Дејвид Пердју и Кели Лофлер ќе се борат да ги задржат местата против демократите Џон Ософ и Рафаел Варнок. Доколку републиканците освојат едно или двете места, тие ќе го задржат мнозинството во американскиот Сенат, и ќе може да блокираат законодавни иницијативи на Џо Бајден.

Доколку демократите ги освојат двете места, ќе биде поделено на 50 – 50 места во Сенатот, но новоизбраната потпретседателка Камала Харис ќе може да интервенира со нејзиниот глас во корист на демократите.

Бајден и Харис ќе положат заклетва на 20 јануари.

Кандидатите стигнаа до вториот круг откако никој од нив не освои повеќе од 50 отсто на изборите на 3 ноември.

Американскиот претседател Доналд Трамп и новоизбраниот лидер Џо Бајден вчера присуствуваа на митинзите во Џорџија за поддршка на кандидатите.

За време на својот говор, Трамп ги повика гласачите да ги поддржат републиканците во вториот круг и се закани дека ќе им се одмазди на републиканските државници кои одбија да ја негираат неговата загуба, објави Гардијан.

Лофлер вети дека ќе се присоедини на сенаторите кои ќе се спротистават на потвдата за победа на Бајден при пребројувањето на гласовите од Изборниот колеџ во Конгресот утре.

Џо Бајден, од своја страна, ги повика гласачите од Џорџија уште еднаш да ја изненадат нацијата испраќајќи двајца демократи во Сенатот.

Три милиони гласачи во Џорџија (околу 10 милиони луѓе) излегоа на предвремено гласање, што заврши во четвртокот. Ова е рекорд за вториот круг за државата. Беа потрошени речиси половина милијарда долари за двете гласања за време на предизборната кампања.

Џорџија не испратила демократ во Сенатот веќе 20 години.

Победата на демократите Џон Ософ и Рафаел Ворнок против републиканците Дејвид Пердју и Кели Лофлер ќе ја зацврсти позицијата на Бајден, откако демократите веќе го контролираат Претставничкиот дом.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска