Во Америка населението рапидно се зголемува

Од:

Растот на населението на Соединетите Држави забрза во 2022 година во однос на минатата година, поттикнат од имиграцијата и закрепнувањето од кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19, објави денеска американското Биро за попис.

Популацијата на САД се зголеми за 0,4 проценти оваа година – на 333,3 милиони – откако речиси стагнираше со раст од 0,1 проценти во 2021 година, кога коронавирусот го влоши трендот на потивок раст во претходните години.

Во 2021 година, населението на САД порасна за помалку од еден милион луѓе за прв пат од 1937 година, што го одразува најнискиот нумерички раст од најмалку 1900 година, кога Бирото за попис ги започна годишните проценки на населението.

Примарниот двигател на растот оваа година е нето меѓународната миграција – бројот на луѓе кои влегуваат или излегуваат од земјата – што додаде околу 1,01 милион луѓе на населението во САД. Тоа е големо зголемување од 376.000 претходната година, што сигнализира потенцијално враќање на нивоата пред пандемијата.

Флорида беше најбрзо растечката држава во 2022 година, со пораст на населението од 1,9 отсто на околу 22,2 милиони, покажуваат бројките на Бирото за попис.

„Иако Флорида често беше меѓу државите со најголем раст, ова е прв пат од 1957 година да се најде на врвот на листата“, рече Кристи Вајлдер, демограф во Одделот за население на Бирото за попис.

Осумнаесет американски држави доживеаја пад на населението во 2022 година, со најголем пад се Калифорнија и Илиноис – падот на населението во двете држави ја одразува нето миграцијата во другите делови на САД.

Би можело да ве интересира

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Населението на Русија се намали на 146,2 милиони луѓе

Светското население се зголемило во 2023 година на повеќе од осум милијарди луѓе

Од земјава годишно се иселуваат 12 илјади луѓе, за пет децении Македонија ќе има 1,3 милиони жители

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Морничава сцена на плажа, исчезна пред 2 недели, водата го исфрли масакрираното тело

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Америка блокада на воениот брод кој носи оружје за Израел: Престанете со убивање луѓе

Предраг Петровиќ