Почесниот конзул на Мароко во Сирија Мохамед Алаедин Кајали е убиен во градот Алепо од вооружени напаѓачи.
Во нападот бил убиен уште еден човек, а еден е повреден.
Педесет и едно годишниот конзул е сириски државјанин и се наоѓал на оваа функција од 2001 година.
Кајали бил застрелан додека излегувал од хотел во Алепо заедно со пријателите. Вооружените мажи се наоѓале во такси, со кое потоа побегнале.
Мароко нема амбасадор во Сирија од ноември 2011 година, кога Рабат го повлече својот дипломатски претставник по нападот врз мароканската амбасада во Дамаск, извршен од приврзаници на режимот на претседателот Башар ал Асад.