Во акција на Европол запленети тон кокаин и уапсени над 300 лица

Од:

Европол денеска соопшти дека во еднонеделната акција против високо софистицирана меѓународна шверцерска мрежа биле уапсени повеќе од 300 лица и запленети еден тон кокаин.

Операцијата уследила по откривањето лажна туристичка агенција во Грција, што помагала во трговија со луѓе во бордел во Австрија, каде што, меѓу другото, е одгледуван и канабис. Досега се идентификувани преку 500 лица жртви на шверцот со луѓе.

Во соопштението се наведува дека освен неколку источноевропски земји од ЕУ, истрагата е проширена и во 24 земји вон Унијата. Мрежата била раширена и на азискиот и африканскиот континент.

– Земји и организации ширум светот треба да работат заедно како еден субјект, за да дадат современ одговор на организираниот криминал што не познава граници, истакна директорот на Европол, Роб Вејнрајт.

Би можело да ве интересира

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Падна Един Тито Гачанин – мистериозниот босански нарко бос е уапсен во големата акција во Дубаи

Катерина Ѓуровски

Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

„Европол“: Драматично зголемување на нападите врз банкомати