Влијателни рабини бараат да се осуети формирањето на „влада на промени“ во Израел

Од:

Водечките израелски рабини ги повикаа приврзаниците да спречат формирање на „влада на промени“, неколку дена откако лидерот на партијата на центарот „Има иднина“ (Јеш Атид), Јаир Лапид соопшти дека успеал да формира владејачка коалиција со партиски лидери кои се противат на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Повикот од рабините беше упатен во писмо, објавено синоќа, по апелот на директорот на израелската служба за безбедност Шин Бет, Надав Аргаман, против политичкото насилство и поттикнување, велејќи дека некој може да биде повреден.

Аргаман исто така ги повика водачите на заедниците да ги намалат тензиите во време кога се очекува новата влада да положи заклетва, објавија израелските медиуми.

Во писмото на рабините се вели дека „не може да се прифати реалност во која ќе се формира израелска влада што ќе им наштети на најосновните прашања на религијата и државата што се прифатени од основањето на државата Израел и досега од сите израелски влади. “

„Несомнено е дека оваа влада исто така ќе ја наруши безбедноста на нашето постоење, бидејќи се потпира на поддржувачи на теророт и вклучува министри кои апелираат до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг за да ги испитаат офицерите на ИДФ (израелските одбранбени сили) за воени злосторства “, се додава во писмото, алудирајќи на исламската партија Рам и на левичарскиот лидер Никан Хоровиц во врска со претходните изјави за МКС.

Покрај тоа, се проценува дека новата влада е „целосно против волјата на народот“ и дека „сè мора да се испроба и да се направи за таа да не биде формирана“.

Еден од потписниците на писмото, рабинот Хаим Друкман, подоцна негираше дека повикот на рабините може да се толкува како поттикнување на насилство и тврди дека тој се спротивставува на сите форми на насилство и дека формирањето на владата треба да се спречи со демократски средства.

Шефот на безбедносната служба предупреди на растечкото поттикнување на насилство и говор на омраза на социјалните мрежи и опасноста дека тоа ќе предизвика политичко насилство додека коалицијата, чија цел е смена на долгогодишниот премиер, се подготвува да даде заклетва. Коалицијата, составена од осум партии, би требало да ја обезбеди поддршката во Кнесетот на 9 или 14 јуни.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск