Властите во САД го следат движењето на Американците како дел од мерките за борба со коронавирусот

Од:

Американските власти ја користат геолокацијата на милиони мобилни телефони за да предвидат сценарија за распространување на коронавирусот и за борба со инфекцијата, објави „Волстрит журнал“.

Се дознава дека федералната Влада во соработка со Центрите за контрола на болести и профилактика, заедно со државните и локалите власти, ја следат локацијата на мобилните телефони на Американците, со цел да направат анализа на податоците за нивното движење, а во контекст на борбата против коронавирусот..

Властите, информациите за ова ги добиваат од рекламодавачите, кои поставуваат реклами на социјалните мрежи. Мобилните оператори такви информации не смеат да споделуваат со властите. Според изданието, властите добиваат информации само за локација на корисниците, без други лични податоци како име или телефонски број.

Се дознава дека вакви податоци властите собираат во повеќе од 500 американски градови и главната цел е да се забележат обрасци во движењето на Американците, а тоа може да помогне во борбата со коронавирусот.

Од своја страна пак, со употребата на овие технологии од страна на властите, активистите за заштита на приватноста бараат „силна законска заштита“ за корисниците.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски