Владимир Путин е предложен за Нобелова награда за мир

Од:

Рускиот писател Сергеј Комков објави дека го предложил рускиот претседател Владимир Путин за Нобеловата награда за мир во 2021 година.

„Процесот по поднесувањето на мојата пријава до Нобеловиот комитет е веќе започнат! И никој не може да го спречи“, напиша Комков на својата фејсбук-страница.

Од кабинетот на Путин денеска соопштија дека тој не стои зад оваа кандидатура, но рускиот претседател се огласи со коментар на Фејсбук околу неа.

„Нобеловата награда за мир треба да се додели на луѓе од ваква јачина. Но, за жал, во последните децении некогаш недостојни ликови го добиле: креаторите на лажни видеа од движењето Бели шлемови, Барак Обама кој бомбардираше повеќе од една земја, Михаил Горбачов кој го уништи СССР,“ напиша Путин на Фејсбук.

„Владимир Путин веќе влезе во историјата, без да добие никакви награди. Но, ако постои награда за мир на планетата што се доделува на фер начин, тогаш денес за неа едноставно нема друг кандидат,“ пишува во објавата на рускиот претседател.

Пријавата за номинација на Путин за Нобеловата награда за мир била примена од Нобеловиот комитет во Осло на 10 септември, по што американската страна го номинирала американскиот претседател Доналд Трамп, рече Комков.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив