Владејачкиот АНЦ го задржа мнозинството во Парламентот на Јужна Афика

Од:

Владејачкиот Африкански национален конгрес (АНЦ) го задржа апсолутното мнозинство во Парламентот на Јужна Африка на општите избори одржани во средата.

Според резултатите од преброени 95 проценти од гласачките ливчиња, АНЦ на претседателот Џејкоб Зума освоил 57,73 отсто од гласовите, со што ќе освои мнозинство од мандатите во законодавниот дом.

Како што јави ДПА, ова се први избори во изминативе 25 години, по падот на апартхејдот во Јужна Африка, на кои левичарскиот АНЦ освојува под 60 отсто од гласовите.

На второ место се пласира опозициската центристичка Демократска алијанса (ДА) со освоени 20 отсто од гласовите, при што го победи АНЦ во Кејптаун и Јоханесбург.

Трета политичка сила во Јужна Африка на овие избори стана радикалната левичарска партија Борци за економска слобода (ЕФФ), која освои над 10 проценти од гласовите, што е речиси двојно повеќе отколку на претходните избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија