Владејачката партија Право и правда победи на изборите во Полска

Од:

Владејачката партија Право и правда победи на изборите во Полска, освојувајќи 45 проценти од гласовите, покажаа прелиминарните резултати.

Полската државна изборна комисија објави дека партијата Право и правда освоила речиси 45 проценти од гласовите, наспроти 38 проценти во 2015 година.

Досега се пребројани околу 91 процент од гласовите.

Резултатите покажуваат дека партијата на поранешниот премиер Јарослав Качински ќе има мнозинство во Парламентот.

Најголемата опозициска партија, центристичката Граѓанска коалиција, освои речиси 27 проценти, додека левичарската група партии околу 12 проценти.

Следуваат конзервативната Полска народна партија со девет проценти, и Десничарската конфедерација со 6,8 проценти од гласовите.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба