Владата во Белорусија блокирала неколку медиуми

Од:

Белоруските независни медиуми ја обвинија Владата за блокирање на нивни веб страници, на помалку од една недела пред одржувањето на претседателските избори, пренесува Радио  Слободна Европа.

Неколку информативни сајтови тврдат дека биле нападнати откако објавувале стории за студенти кои биле принудувани да посетат јавна молитва на која присуствувал претседателот Александар Лукашенко и неговиот 12-годишен син. Повеќето медиуми во Белорусија се под директна или индиректна контрола на Владата, објавува РСЕ.

Изборите во земјата ќе се одржат на 11 октомври, а големи се очекувањата Лукашенко да биде реизбран. Тој е на власт од 1994 година.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски