Вкупно 21 лице уапсено во антитерористичка операција на белгиската полиција шриум државата

Од:

Канцеларијата на федералниот обвинител на Белгија, денеска објави дека уште пет лица се уапсени во Белгија, со што бројот на уапсени лица се зголеми на 21, откако во синоќешната рација во центарот на Брисел беа уапсени 16 лица осомничени за поврзаност со лица што сака(ат) да изврат терористички акт.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, денешните пребарувањата беа спроведени во регионот Брисел и регионот Лиеж, односно пет пребарувања се извршани во регионот на главниот белгиски град, а две во Лиеж, при што пет лица се лишени од слобода во текот на овие пребарувања.

Овие нови информации се однесуваат на вкупно 21 лице уапсени од почетокот на големите полициски операции што од синоќа се спроведуваат ширум Белгија, при кои освен уапсените, запленета е и сума од 26.000 евра во кеш, но не и оружје и експлозивни направи. Нивото на безбедност останува на четврти степен, што значи дека опасноста од терористички акт е “веројатна и неизбежна” за Брисел, додека во останатиот дел од Кралството Белгија важи трет степен на безбедност.

Колку за потсетување, 19 рации веќе се направени од синоќа во бриселските општини Моленбек-Сен Жан, Скарбек, Волуве-Сен-Ламбер, Јете, Форест и во самиот центар на Брисел. Исто така, направени се и три пребарувања во градот Шарлероа, поточно во ренот Дампреми. Главниот осомничен, Салах Абдеслам, кој учествувал во терористичките напади на 13 септември во Париз, се уште е во бегство и за него постојано излегуваат шпекулации дека се наоѓа во еден или друг белгиски град, иако полицијата и обвинителството не потврдуваат дали му се зад петите.

А, спротивно на одредени информации што утринава циркулираа во врска со сомнително возило марка “БМВ 5” забележано во регионот Лиеж и контролирано од страна на полицијата, истрагата покажала дека нема истото нема ништо поврзано со тековната антитерористичка операција.

Попладнево, Советот за безбедност на Белгија ќе заседава да одлучи дали да се задржи или намали четвртиот степен на безбедност во Брисел, поради што денеска повторно не циркулираше метрото во главнито град на Белгија, а и училиштата и факултетите останаа затворени. Ваквата состојба целосно го парализираше Брисел, па обвинителството и полицијата побараа од работодавачите да бидат коректни кон своите вработени што не можат да дојдат на работното место, дали поради оневозможеност во движењето (затворнео метро и редуцирани трамвајски линии), така и поради децата што не заминале на училиште.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски