Вкупно 146 уапсени при судири пред средно училиште во Франција

Од:

Вкупно 146 лица се уапсени денеска при судири меѓу средношколските демонстранти и полицијата пред едно средно училиште во Мант-Ла Жоли во парискиот регион.

Немирите се случија во близина на средното училиште Сен Егзипери, при што беа опожарени и два автомобили.

Уапсените се осомничени за „учество во вооружен собир“.

Според полициски извори, уапсените се пренесени во полициските станици каде ќе биде одлучена нивната понатамошна судбина, односно дали Обвинителството ќе поднесе пријави против нив.

На други места во Франција, исто така, имаше судири во близина на неколку средни училишта во пресрет на најавта за викенд протести на „жолтите елеци“.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години