Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

Од:

Меѓународните платежни системи Виза и Мастеркард ги блокираа картичките издадени од руски банки и нивните подружници, кои се на списокот со санкции.

„Виза веќе почна да ги спроведува релевантните санкции и ги блокираше картичките на овие банки…“ објави на Фејсбук во вторникот поотпретседателката на Виза за ЗНД и Југоисточna Европа Вира Платонова.

„Како резултат на наредбите за санкции, блокиравме повеќе финансиски институции од мрежата за плаќање на Мастеркард“ објави денеска извршниот директор на Мастеркард Мајкл Мибах.

Двете платежни компании додаваат дека се подготвени да продолжат да постапуваат согласно дополнителните санкции што може да бидат воведени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски