Витлеем преполн со туристи во очекување на Рождеството Христово

Од:

Илјадници христијани од целиот свет се собраа во градот Витлеем, на Западниот Брег, за да го одбележат Рождеството Христово.

Според светото писмо, Христос е роден токму во овој град, и покрај тоа што израелски археолог тврди дека Исус се родил во Витлеем, но во Галилеја, ридеста населба во северен Израел, а не во градот на Западниот Брег.

Претходно денеска во Витлеем од Ерусалим пристигна традиционалната рождествена процесија, предводена од латинскиот патријарх на Ерусалим Фуад Туал, највисоко позиционираниот претставник на Римокатоличката црква низ Светите земји.

Верниците, пристигнати во градот, сега главно се собираат на плоштадот пред Црквата на Рождествоот Христово. Таму освен верници има и мноштво музичари и хористи, кои имаат концерти на големата надворешна сцена.

На плоштадот има и голема божиќна елка и јасли со фигурите од сцената на Рождеството Христово, кои се со човечка големина.

Продавниците во околината се отворени и се полни со туристи. Некои од посетителите носат облека на Дедо Мраз.

Хотелите во Витлеем се преполни со гости, затоа што за празниците во градот пристигнаа околу 15.000 верници. Многу верници, меѓутоа, повеќе сакаат да останат во Ерусалим и да отидат во Вителеем само на Бадниковата вечера.

Околу Рождество Христово Израел го посетуваат околу 75.000 туристи, од кои 25.000 се христијански поклоници, посочува израелското Министерство за туризам.

Би можело да ве интересира

Петок пред Духовден, 10 јуни неработен за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

2 Мај неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Богојавление неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Ана Ололовска

Семејството Бајден им го честиташе Божик на православните верници во САД и светот

Leave a Comment

eighteen − 18 =