Вистината за Сталин „опасна по децата”

Од:

Дојче Веле – Берлин

Учебникот на рускиот професор по историја од Универзитетот во Перм за репресиите од времето на Сталин е прогласен за „штетен по здравјето на учениците”, а авторот сега ја тужи Федералната агенција која книгата ја стави на црна листа, тврдејќи дека зад забраната стои едно сталинистичко движење.

Станува збор за професор Андреј Суслов, чија книга руската Федерална агенција за контрола на комуникациите, информативните технологии и масовните медиуми „Роскомнадзор”, ја вклучи на листа на книги кои се „штетни по здравјето на учениците”.

Во разговорот за Дојче веле, Суслов рече дека книгата заедно со уште еден колега ја напишал во 2015 година и дека таа е објавена со помош на руската некомерцијална организација Центар за политичко образование и човекови права.

– Книгата е наменета за ученици од повисоките одделенија и може да се користи и надвор од наставата. Книгата им помага на учителите и учениците да стекнат подобар увид во историјата на сталинизмот и неговите последици, вели Суслов.

За време на претставувањето на книгата, регионалната министерка за образование во Перм дури понуди книгата да се објави на интернет страницата на Министерството, што подоцна и е направено.

Меѓутоа, кога Роскомнадзор книгата ја оцени како „опасна по здравјето на учениците”, книгата веднаш исчезна од тој портал.

Покрај тоа, државното обвинителство од Центарот за политичко образование и човекови права побара на својата страница да потенцираат дека книгата се препорачува само за лица постари од 18 години. Суслов и Центарот до Окружниот суд во Перм поднесоа тужба против Роскомнадзор.

Суслов тврди дека активистите на сталинистичкото движење „Сут времени” се против неговата книга. Тоа пратило писма на различни адреси до власта, а во летото 2016 година Роскомнадзор на извесен експерт Дмитриј Усун му овозможил да напише стручен извештај за книгата. Суслов претпоставува дека Усун е поврзан со движењето „Сут времени”.

Експертите дојдоа до заклучок дека „книгата промовира општествени и антидржавни убедувања”.

Павел Гурјанов од локалното движење „Сут времени” во Перм изјави за Дојче веле дека ја поддржува одлуката на Роскомнадзор. – Работата на Центарот за политичо образование и човекови права на такви образовни методи само е покритие за идеолошко и политичко перење на мозоците на децата во Перм, кое се случува во интерес на странските спонзори на оваа организација, вели Гурјанов.

Авторот на книгата Суслов тврди дека анализата на книгата од страна на Роскомнадзор нанесува штета и бара таа анализа да се отстрани од нивната интернет страница.

– Ова е преседан. Се може да се оцени како опасност за здравјето на децата, вели Суслов.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“