Високо ниво на загаденост на воздухот во Киев заради пожарите околу Чернобил

Од:

Пожарите во околината на напуштената нуклеарна централа во Чернобил и околните шуми довеле до пораст на нивото на загаденост на воздухот во Киев, што утринава беше меѓу највисоките во светот, пренесее Тасс.

Според податоците на швајцарската компанија IQAir, Киев утринава се наоѓал на првото место во светот според загаденост на воздухот.

Во извештаите на украинското Министерство за здравство се наведува дека смогот во Киев и областа околу градот не претставува хемиска и радиолошка закана и дека нивото на радијација е во границите на нормалата.

На граѓаните од главниот град, сепак, им е апелирано да останат во своите домови, што многумина од нив веќе и го прават заради епидемијата, а од нив се бара и да ги затвораат прозорците.

Министерството предупредува дека смогот може да предизвика главоболка, кашлање, потешкоти при дишењето, иритација на очите, запаление на слузокожата на носот и грлото, како и алергии и бројни други здравствени проблеми.

Од пред еден месец во шумите околу Чернобил избија пожари што се проширија се до напуштената нуклеарна електрана. Тие пред неколку дена конечно беа изгаснати, но од синоќа се појавија нови и тоа во истото подрачје, како и во областа Житомир.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот