Високиот комесар на ОН за човекови права смета дека убиството на Палестинецот во количка е несфатливо

Од:

На независна и непристрасна истрага за убиството на Палетинецот во инвладиска количка, побара високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад Ал Хусеин.

Ибрахим Абу Тураја беше убиен во петокот од страна на израелските сили забезбедност при судирите должд границата со Појасот Газа. Тој останал инвалид, откако ги изгубил нозете при воздушен удар пред девет години. Во петокот Абу Тураја со инвалидска колична беше меѓу Палестинците на протестот против одлуката на САД за Ерусалим.

– Од собраните факти од мојот персонал во Газа, може да се каже дека силата употребена против Ибрахим Абу Тураја, била прекумерна, рече Зеид, додавајќи дека Палестинецот, изгледа, загинал откако бил застрелан во главата, кога бил на околу 20 метри од оградата на границата меѓу Израел и Газа.

Според Зеид со оглед на инвалидитетот на Тураја нема докази дека тој претставувал закана за израелските сили и кажа дека неговото убиство е несфатливо, потресно и неоправдано.

Би можело да ве интересира

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна