Високи температури на воздухот во Јапонија

Од:

Температурите во Јапонија драстично се зголемија денеска, достигнувајќи речиси рекордни максимални вредности од околу 40 степени Целзиусови во голем број области, а локалната метеоролошка агенција предупреди на ризик од здравствени проблеми поврзани со горештините.

Со оглед на тоа што температурите се очекува да останат високи и утре, јапонската влада издаде предупредување за широки области од источна до западна Јапонија. Властите ги предупредуваат жителите да пијат вода и да не излегуваат надвор од домовите.

Во 2018 година беа измерени рекордни за таа држава 41,1 степени во Кумагаја, префектурата Саитама. Истиот температурен рекорд беше забележан во 2020 година во Хамаматсу, префектурата Шизуока.

Температурите денеска се искачија до 39,5 степени во градот Кошигаја, северно од Токио и во градот Кофу, во централниот дел на земјата, каде температурите достигнаа 35,9 степени, покажуваат податоците на Јапонската метеоролошка агенција.

Меѓу 914 набљудувачки точки низ целата земја, температурите се искачија на 30 степени или повеќе во 658 населени места до 16 часот по локално време. На 224 места термометрите забележале мин. 35 степени.

Земјите ширум светот во последните недели се борат со невообичаено високи температури. Велика Британија забележа над 40 степени во јули за првпат рекордно, а предупредувања за топлотни бранови беа издадени на десетици места во САД. Португалија пријави повеќе од 1.000 смртни случаи поради болести поврзани со горештините.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец

Сончево и топло, со умерена локална облачност

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила