Висок демократ во Конгресот бара импичмент за Трамп

Од:

Ако се утврди дека Трамп извршил притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да го истражи Џо Бајден, тогаш единствениот лек е импичмент, изјави шефот на комисијата за разузнавање во Долниот дом на Конгресот, Адам Шиф.

– Ако претседателот во суштина запира воена помош, а во исто време се обидува да заплашува странски лидер за да направи нешто нелегално, да му обезбеди компромитирачки информации за негов противник за време на претседателска кампања, тогаш тоа може да биде единствен лек еднаков на направеното зло, рече демократот Шиф.

Процедурата за импичмент во Претставничкиот дом може да доведе до отстранување на претседателот од функцијата, но на демократите ќе им треба поддршка од републиканците кои се мнозинство во Сенатот.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

ВИДЕО: Лидерот на култ кој уби и распарчи две деца се соочува со смртна казна

Катерина Ѓуровски