Вирусот не се шири на концерти ако сите носат маски, а салата е проветрена, покажа германска студија

Од:

Ново истражување во Германија за движењето на честичките во воздухот во затворен простор покажа дека постои мал ризик од инфекција со коронавирусот во добро проветрени концертни простори, кога сите носат заштитни маски.

Второто вакво истражување, спроведено во „Концертхаус“ во Дортмунд (1.500 седишта), траеше три дена во ноември, а беше спроведено од институтот Фраунхофер Хајнрих Херц и компанијата за мерење на честички Parthe Q.

Нивниот заклучок е дека во одредени услови – просторот да има доволен прилив на свеж воздух и сите присутни да носат маски – ризикот некој да зарази здрави гледачи на концертот со коронавирус преку аеросолен пренос „може да биде речиси исклучен“, се вели во соопштението на Концертаус.

Студијата е продолжение на истражување од август, наречена „Рестарт-19“, спроведена од Универзитетската болница Хејл, чии резултати беа објавени во октомври и заклучија дека, со соодветна вентилација, настаните во живо во ваквите простории претставуваат „многу низок до низок“ ризик за пренесување на инфекцијата од човек на човек.

За разлика од студијата Рестарт-19, во која учествуваа волонтери, студијата за Дортмунд користеше високотехнолошка кукла за да симулира човечко дишење во концертната сала.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим