Виртуелна средба на министри за здравство, шефови на држави или влади и други високи функционери посветена на здравствените предизвици за паневропскиот регион

Од:

Министрите за здравство и претставници на 53 држави од европскиот регион на Светската здравствена организација (СЗО) ќе имаат виртуелна средба по повод 71-та седница на Регионалниот комитет на СЗО), која ќе се одржи од 13 до 15 септември.

Регионалниот комитет е телото на СЗО кое носи одлуки. Неговите седници се состаноци од највисоко ниво на тема јавно здравје во европскиот регион на СЗО, на кои министрите за здравство се собираат еднаш годишно за да дискутираат и да донесуваат регионални политики, активности и финансиски планови со цел подобрување на здравјето и добросостојбата на граѓаните, се посочува во соопштението на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Освен регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, на средбата ќе учествуваат и генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус, францускиот претседател Емануел Макрон, Ентони Фаучи – главен советник за здравство на претседателот на САД, како и други високи претставници на агенции, фондови и програми на Обединетите нации, граѓанското општество, билатерални и мултилатерални
организации и други партнери од областа на развојот.

Настанот може да се следи во живо на вебсајтот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

На годишнината од Европската програма за работа за периодот 2020–2025 година со наслов „Заедничка акција за подобро здравје во Европа”, која минатата година ја усвоија земјите-членки на европскиот регион на СЗО, делегатите ќе дискутираат за постигнатиот напредок во поглед на клучните здравствени приоритети каде е потребна акција, а со цел задоволување на здравствените потреби и очекувања на повеќе од 900 милиони жители на европскиот регион на СЗО.

Главни теми за дискусија и постигнување согласност ќе бидат лекциите научени од пандемијата на Ковид-19, засилување на кампањите за вакцинација, подготовки за следната пандемија, осмислување на нова улога и место на примарната здравствена заштита во рамките на здравствениот систем, инвестирање во менталното здравје и социјалната заштита, утврдување на програмата за имунизација за периодот до 2030 година; засилување на активностите во полето на климатските промени и здравјето, зголемување на примената на дигиталното здравство и одржливо финансирање на СЗО, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО