Виена планира вакцина-парти за младите

Од:

Со музика и празнична атмосфера Градските власти во Виена сакаат да ги охрабрат младите да се вакцинираат против Ковид-19, јави ДПА.

– Една или повеќе забави за вакцинација ќе бидат организирани во главниот град на Австрија на почетокот на јули, изјави портпаролот на градската влада.

Од вчера и децата и тинејџерите на возраст од 12 до 17 години можат да се пријават на вакцинација. Интересот беше толку голем што беа резервирани 10.000 дози за два часа, јавија локалните медиуми. Пријавувањето за млади на возраст од 18 до 30 години започнува денеска.

Во Виена, 27 проценти од населението веќе поминало целосен циклус на вакцинација.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче