Видодо официјално побара главниот град на државата да се премести на островот Борнео

Од:

Во говор по повод 74-годишнината од независноста на Индонезија, претседателот Џоко Видодо денеска официјално му предложи на Парламентот план за преместување на Џакарта, главниот град на пренаселениот остров Јава, на островот Калимантан (Борнео).

-Барам ваша дозвола да биде преместен главен град на (островот) Калимантан, рече Видодо, кој ќе положи заклетва за втор мандат во октомври по победата на изборите во април.

„Главниот град не е само симбол на националниот идентитет, тој исто така дава идеја за напредокот на земјата. Преселбата е неопходна за да се постигне економска еднаквост и правда“, додаде индонезискиот претседател, без да прецизира каде точно ќе се наоѓа новиот главен град.

На 2 август, владата на Индонезија го утврди планот за преместување на главниот град – проектот се проценува на 32,5 милијарди долари, а изградбата треба да започне во 2021 година. Сегашниот главен град Џакарта има големи проблеми заради застарената инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски