Автомобил управуван од неименувана жена попладнево по локално време влетал во група демонстранти што блокирале крстосница во Њујорк, удирајќи и повредувајќи шестмина, соопшти полицијата.
Сведоците раскажаа дека автомобилот БМВ, во кој имало две жени, се залетал и без да закочи продолжил кон крстосницата, на која се одвивал протест на движењето „Black Lives Matter“ против полициското насилство врз Афроамериканците.
Police: A group of protestors were struck by a car today in Manhattan. Police have the E 39th @ Lex blocked off. Police talking to driver @NBCNewYork pic.twitter.com/rgvN9LUvKP
— Adam Harding (@HardingReports) December 11, 2020
Полицијата соопшти дека жената што го возела автомобилот е уапсена, како и дека ништо не укажува на тоа дека таа намерно го предизвикала инцидентот.
Официјално не е соопштено со какви повреди се здобиле шестемина демонстранти, а некои медиуми јавија дека не е загрозен животот на ниту еден од нив, иако неколкумина биле примени во болница.