ВИДЕО: Жена предвреме се породи на лет кон Хаваи, во авионот имало доктор и три бабици

Од:

Вистинска драма се случувала на лет од Солт Лејк Сити кон Хонолулу на Хавајските Острови, кога жена, која според некои извори воопшто не знаела дека е бремена, се породила во авионот, во кој случајно имало и лекар-гинеколог и акушерка, јавуваат американските медиуми.

На Лавинија Мунга, која била во 29-тата недела од бременоста, ѝ се појавиле породилни болки среде летот, а таа имала среќа што меѓу патниците биле и двајцата квалификувани да ја породат. Таа родило здраво машко дете на кое му дала име Рејмонд, а бебето напредува добро, откако е ставено во инкубатор поради малата телесна тежина.

Една патничка во авионот го снимила моментот кога било објавено дека жената била безбедно породена и дека таа и бебето се во ред. Видеото, на кое може да се види и слушне воодушевувањето на сите патници, има над 12 милиони прегледи на ТикТок. Според истата патничка, жената која се породила воопшто не знаела дека е бремена, а нејзините родители наводно ѝ кажале дека породувањето било целосно изненадување.

@juliabernice

It’s the ‘baby being born while we’re above the Pacific Ocean’ for me

♬ original sound – Julia Hansen

Мунга била тргната на одмор на Хаваите, кога ѝ почнале болките, па пилотот преку разгласот прашал дали има лекар во авионот.

„Некаде на половина од патот, имаше итен повик, а мене веќе тоа ми се има случено и обично се многу јасни кога прашуваат дали има лекар во авионот. Овој повик не беше таков, туку беше мноигу итен“, вели д-р Дејл Глен, лекар по семејна медицина од Хаваи.

Исто така, во авионот имало и три медицински сестри од Одделот за неонатална грижа во болница од Канзас Сити. Сите четири медицински лица веднаш се ставиле на располагање за да помогнат. Тие немале никаква опрема, па морале да импровизираат – искористиле врвци за чевли за да ја подврзат и пресечат папочната врвка, а со „паметен“ часовник го измериле пулсот на бебето.

„Сите се обидувавме да работиме во многу мал, затворен простор во авионот, што е прилично голем предизвик. Но, тимската работа беше одлична,“ изјави д-р Глен за Асошиејтед прес.

Три часа подоцна, авионот слетал во Хонолулу, каде чекале медицински лица, кои го презеле бебето и мајката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски