ВИДЕО: Жена и дете убиени во пукање на Флорида, напаѓачот си го одзеде животот

Од:

Три лица, меѓу кои и едно дете, беа застрелани денеска во еден супермаркет во американската сојузна држава Флорида.

Нападот се случил во маркетот Пабликс во Ројал Палм Бич, 130 километри северно од Мајами, соопшти полицијата.

– По пристигнувањето, полицијата пронајде две жртви кои починале од прострелни рани – повозрасна жена и дете. Меѓу загинатите е и напаѓачот, соопшти канцеларијата на шерифот во округот Палм Бич. Медиумите пишуваат дека тој си го одзел животот.

Засега не е позната причината за нападот. Во јужниот дел на Флорида во последните неколку недели се случија повеќе инциденти со пукање, но денешната трагедија ги немала елементите на инцидент со таканаречен „активен пукач“, туку се работи за убиства од поинакви мотиви, соопшти канцеларијата на Шерифот, не откривајќи повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд на САД третпат ja отфрли иницијативата да се укине здравственото осигурување воведено од Обама

Жарко Настоски

Пелоси: Американскиот конгрес го изгласа 19 јуни за празник за сеќавање на крајот на ропството

Ана Ололовска

Голема престрелка во Арачиново, повеќе луѓе се ранети и уапсени

Жарко Настоски

Во Тексас нема доволно струја, властите ги замолија граѓаните да не пуштаат шпорети

Жарко Настоски

Над 600.000 луѓе во САД досега починаа од Ковид-19

Жарко Настоски

ВИДЕО: Новa крвавa драма во Америка – четворица мртви во утринска престрелка во Чикаго

Жарко Настоски