ВИДЕО: Жена го налути папата откако го повлече кон себе на плоштадот во Ватикан

Од:

Видно навреден, папата Франциско денеска мораше да се оттргне од рацете на една жена, која на преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан го зграби за рака и го повлече кон себе, пренесе „Ројтерс“.

Папата го минуваше плоштадот Свети Петар, поздравувајќи ги верниците на патот кон макетата со сцена од раѓањето на Исус, поставена на шеталиштето.

Откако посегна да помилува едно дете, папата почна да се оддалечува, но жената одеднаш го грабна за рака и му се приближи.

Фрaнциско изгледаше како ненадејниот гест да го навреди и брзо ја пушти раката.

Додека луѓето се приближувале кон местото на настанот, жената не покажала знаци на гнев, а не е познато дали му кажала нешто на папата додека го привлекувала кон себе, додава „Ројтерс“.

Би можело да ве интересира

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска

Финансиски колапс на Светата столица: Ватикан должи околу 4,8 милијарди евра

Католички свештеници во Португалија силувале илјадници деца – црквата ги моли жртвите за прошка

Горан Наумовски

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска