ВИДЕО: Жена брутално исфрлена од автобус во препирка поради неносење маска

Од:

Снимка од инцидент во градскиот превоз во канадскиот град Ванкувер, на која е забележана расправија поради неносење заштитна маска, која се претвора во физичка пресметка, предизвика внимание ширум светот, откако беше објавена на локалните медиуми.

На снимката се гледа како жената се расправа со човек кој седи во автобусот, а тој ја нарекува „одвратна“ затоа што не носи заштитна маска, која е задолжителна во јавниот превоз во градот.

Жената на ова одговара со плукање кон човекот, а тој, изнервиран од нејзината постапка, станува од местото и ја истуркува од автобусот, по што таа паѓа на асфалтот на постојката.

Полицијата го истражува инцидентот, а и двајцата учесници, доколку се утврди нивниот идентитет, би можеле да бидат обвинети за напад, пишуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба