ВИДЕО: Земјотрес од 6,6 степени ја погоди Јапонија

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава ги погоди југозападниот и западниот дел на Јапонија, а повеќе од 10 лица се повредени. Локалните власти и Јапонската метеоролошка опсерваторија соопштија дека земјотресот не предизвикал цунами.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во областа покрај брегот на Јапонија, каде според анализи во иднина може да се очекува голем земјотрес проследен со цунами, јавија јапонските медиуми. Денешниот земјотрес се случи во 01.08 часот по локално време, а епицентарот е на длабочина од 45 километри во близина на брегот на островот Кјушу.

Шест лица се повредени во градот Оита, повеќето полесно, соопшти локалната самоуправа, во Мијазаки полицијата потврдила четворица повредени, а повредени има и во префектурите Сага и Кумамото на островот Кјушу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија