(ВИДЕО) Зеленски во посета на линијата на фронтот во близина на Бахмут

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети воената позиција на линијата на фронтот во близина на опколениот источен град Бахмут, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

За време на посетата Зеленски „слушал“ извештаи за оперативната ситуација и текот на воените дејствија на линијата на фронтот, се наведува во соопштението.

Тој се сретна и со украинските војници и со едноминутно молчење во спомен на загинатите во војната.

– Чест ми е што сум денеска овде, на истокот на нашата земја, во Донбас, да ги наградиме нашите херои, да ви се заблагодарам, да се ракувам. Ви благодариме што ја заштитивте земјата, суверенитетот, истокот на Украина – рече тој.

Јулија Мандел, поранешната портпаролка на Зеленски, сподели видео на кое рече дека го прикажува претседателот во близина на Бахмут, пишува Гардијан.

Андриј Јермак, шефот на канцеларијата на украинското претседателство, на Твитер напиша дека заедно со претседателот Зеленски ги посетил и позициите на фронтот во Бахмут.

Јермак пишува дека му било „голема чест“ што е таму „до нашите херојски воини“.

– Бахмут стои. Одбранбените сили го држат градот – рече Јермак.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Добивме сериозна, моќна понуда на авиони Ф-16

Ана Ололовска

Зеленски: Од почетокот на војната загинаа најмалку 500 деца

Ана Ололовска

Вучиќ разговараше со Зеленски: Не го призна Косово, зошто да не му подадам рака

(ВИДЕО) Реакција од Киев: Зеленски не рекол дека Бахмут е загубен

Катерина Павлова-Николовска

Зеленски потврди: Бахмут не е под украинска контрола

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада