(ВИДЕО) Зеленски: Путин почна да го подготвува населението за употреба на нуклеарно оружје

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од нуклеарен напад. Тој се плаши од неговото општество, од неговиот народ. Бидејќи само тој народ може да го промени, да му ја одземе моќта и да ја даде на некој друг, смета претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој во интверју за „Би-би-си“ повика на воведување превентивни санкции против Русија. Како што тврди украинскиот претседател, претставниците на државата почнаа да го подготвуваат руското општество за можна употреба на нуклеарно оружје во војната.

– Тие почнуваат да го подготвуваат нивното општество. Тоа е многу опасно. Не се подготвени да го сторат тоа, да го користат. Но, почнуваат да комуницираат. Не знаат дали ќе го користат тоа или не. Мислам дека е опасно дури и да се зборува за тоа, појасни Зеленски, зборувајќи за потенцијалната руска употреба на нуклеарно оружје.

Тој додаде дека не повикал на нуклеарни удари на Русија. Зборот што го употребил на украински, бил сфатен погрешно.

Според Зеленски, потребно е да се дејствува сега бидејќи „заканите на Русија се ризик за целата планета“. Москва „веќе направила чекор со заземањето на нуклеарната електрана Запорожје“. Станува збор за најголемата нуклеарна електрана во Европа, што рускиот претседател се обидува да ја претвори во руска сопственост.

Тој ја коментираше и руската делумна мобилизација. Претседателот на Украина ги повика Русите „да се борат за нивните права, тело и душа“.

– Овие мобилизирани деца сега доаѓаат без митралези, панцири, тие се само топовско месо … Доколку не сакаат да бидат ќебап, треба да се изборат за нивните животи, изјави Зеленски.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите