(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе се појави еден од најсилните сигнали дека Русија изгубила

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја прави се што може за да го скрати времето за испорака на новите западни авиони. Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека првиот украински борбен авион Ф-16 ќе биде „еден од најсилните сигнали дека рускиот терор изгубил“.

„Правиме се што можеме за да го скратиме времето за постигнување резултати, до појава на нови и моќни авиони со украински пилоти на небото на Украина. Првиот украински Ф-16 ќе биде еден од најсилните сигнали од светот дека Русија ќе загуби поради сопствената агресија, станувајќи се послаба и поизолирана. Ова ќе биде сигнал дека рускиот тероризам изгубил, а нашиот свет, кој се заснова на почитување на независните нации и правото на народите сами да го изберат својот пат, преживеа“, рече Зеленски.

Русија вчера предупреди дека сите американски борбени авиони Ф-16 испорачани на Украина ќе бидат „легитимна цел“ за Москва.

Би можело да ве интересира

Во секој момент знаеме каде се Путин и Пригожин тврди украинското разузнавање

Русија издаде налози за апсење на двајцата главни украински генерали

ВИДЕО: Путин ја обвини Украина за тероризам и се закани со одмазда

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Шефот на Вагнер го нападна Министерството за одбрана: Смрдливи бедници, што правите ?

Песков: Путин бил информиран за нападот

Ана Ололовска

Руски пратеник: Ова е најсериозниот напад врз Москва од Втората светска војна

Ана Ололовска