ВИДЕО: Зеленски ја обвини Русија за геноцид во Донбас

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека извршила геноцид во источниот регион Донбас, каде градот Северодонецк е под постојано гранатирање.

Обраќајќи ѝ се на нацијата вчера вечер, Зеленски рече дека бруталниот напад на Русија врз Донбас „може да го остави целиот регион ненаселен“.

„Тие сакаат да ги срамнат со земја и запалат Попасна, Бахмут, Лиман, Лисичанск и Северодонецк. Исто како што направија со Волновах и Мариупол. Во градовите и местата во близина на руската граница, во Доњецк и Луганск, ги собираат сите што можат да ги заземат местата на убиени и ранети за време на окупацијата“, рече Зеленски.

„Сето ова, вклучително и депортациите на нашиот народ и масовните убиства на цивили, јасно покажува дека Русија јасно води политика на геноцид“, рече украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ