(ВИДЕО) Зеленски: Ги победивме Русите без оружје, се повеќе од нив бегаат назад во Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата преку Фејсбук.

„Секој окупатор треба да знае дека ќе наиде на жесток отпор од Украинците, така што засекогаш ќе памети дека нема да се откажеме“, рече Зеленски.

„Ние сме народ кој за една недела ги урна непријателските планови. Плановите што се граделе со години се подли, пресметани, со омраза кон нашата земја, кон нашиот народ, кон секој народ кој има две работи: слобода и срце. Но, ние го запревме нивниот план“, рече тој.

„Нашата армија, нашата гранична полиција, нашата одбрана, дури и обичните земјоделци ја заробуваат руската армија секој ден. И сите велат само едно – не знаат зошто се тука“, додаде Зеленски.

„И покрај тоа што се десет пати повеќе, моралот на непријателот постојано се влошува, се повеќе окупатори бегаат назад во Русија. Од нас, од вас, од сите оние кои го тераат непријателот – копја, пушки, тенкови, авиони, хеликоптери, се што пука“, кажа украинскиот претседател.

„Го победивме непријателот без оружје. Искрено им се восхитувам на херојските цивили од Конотоп, Баштанка, Енергодар, Мелитопол и другите градови и села во Украина, кои не дозволуваат окупаторите да напредуваат. Цивилите им ги блокираат патиштата, излегуваат пред непријателските возила. Тоа е многу е опасно, но исто толку е екстремно храбро“, изјави Зеленски.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област