(ВИДЕО) Зеленски: Ако не ни дадете авиони, сакате да не убијат

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во денешното видео обраќање покрај другите теми повторно им се обрати на светските лидери повикувајќи ги да воспостават зона на забрана за летови над Украина.

„Ние сме луѓе. Ваша хумана доллжност е да не заштитите. Вие можете да го направите тоа. Ако не го сторите тоа или ако во најмала рака не ни дадете авиони за сами да се заштитиме, заклучокот е еден: Сакате да не убијат“ – рече Зеленски.

Членките на НАТО се против воспоставување зона на забрана за летање над Украина. Забраната, според нив би значела директен судир на НАТО авионите со руските борбени авиони над Украина. Тоа спред членките на НАТО ќе предизвика поширок конфликт со Русија.

Зеленски во обраќањето рече и дека украинските сили заробиле стотици руски војници.

– Стотици, стотици затвореници. Меѓу нив има и пилоти на авиони кои ги бомбардираа нашите градови. Нашите цивили, рече Зеленски во видео пораката објавена денеска на Телеграм.

Обраќајќи им се на Украинците, Зеленски рече: Се бориме каде ќе биде границата. Помеѓу животот и ропството.

Украинскиот претседател уште еднаш им се обрати на луѓето во Русија: Граѓаните на Руската Федерација токму сега го прават истиот избо р. Во овие денови. Во овие часови. Помеѓу животот и ропството“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат