ВИДЕО: Застрелан додека позираше за селфи – ликвидиран мексикански политичар

Од:

Мексикански политичар е убиен додека позирал за селфи со еден од своите поддржувачи.

По предизборното соочување, 43-годишниот Фернандо Пурон, познат по борбата против организираниот криминал, е застрелан од непосредна близина. Тој починал додека бил превезуван во болница, а полицијата се уште трага по напаѓачот.

Пурон е поранешен градоначалник на градот Пиедрас Неграс во Мексико и е познат по неговата борба против картелот Лос Зетас. Поради своето политичко делување тој се соочувал со голем број закани.

Од септември 2017 година, кога во Мексико започна изборниор процес, убиени се 112 политичари кандидирани за престојните избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД