(ВИДЕО) Вулкан еруптираше во Чиле

Од:

Официјални лица на Чиле издадоа безбедносна тревога откако вулканот Ласкар, лоциран на Андите, еруптираше, предизвикувајќи помали потреси, јавува Би-Би-Си.

Засега нема извештаи за штети во околината, но првичното зелено предупредување е надградено во жолто.

Националната служба за геологија и рударство на Чиле (Сернагеомин) дефинира жолто предупредување како знак дека вулканот е нестабилен.

Експерти го следат местото за помали експлозии и појава на чад, соопшти Националната служба.

Жителите на Талабра, мал град на околу 12 километри од вулканот, за прв пат ја забележале активноста вчера околу пладне по локално време.

И покрај огромниот облак чад што го испуштил Ласкар, кој се состоел од вулканска пепел и врели гасови, се верува дека ниту една куќа не била оштетена. Властите воведоа забрана за влез на 5 километри од кратерот на вулканот.

Ласкар е 70 километри од Сан Педро де Атакама, популарна туристичка дестинација за пешачење и пустината Атакама, најсувото место на Земјата.

Би можело да ве интересира

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лавата „проголта“ куќи во Гриндавик, градот е блокиран

Горан Наумовски

Нова вулканска ерупција на Исланд