ВИДЕО: Вознемирувачки сцени на Хаити, толпата ќе ги линчува атентаторите на претседателот

Од:

Претседателот на Хаити, Жовенел Мојз, го убила група командоси, од кои 26 биле Колумбијци и двајца Американци, со потекло од Хаити, потвдија властите во Порт-О-Пренс.

Во нападот критично е ранета и сопругата на претседателот, за чијшто живот лекарите и натаму се борат. Полицијата соопшти дека 17 луѓе досега се уапсени за учество во атентатот.

На социјалните мрежи е објавено видео, во кое се гледа како толпата ги носи ракрвавените и претепани воени платеници низ сиромашните квартови на Порт-о-Пренс.

На снимката се гледа како двајца осомничени колумбиски платеници врзани се влечени низ улиците. Еден од нив е без кошула и облеан во крв, додека граѓаните ги следат и им викаат.

Засега нема точни информации за тоа како полицијата дозволила масата, гневна поради убиството на претседателот, да одведе дел од осомничените атентатори.

Привремениот премиер Клод Жозеф, кој треба да биде сменет неделава, вчера прогласи вонредна состојба во земјата поради атентатот и ја презеде власта во земјата. Меѓутоа, оваа одлука ја оспори човекот кого Моиз го постави за свој наследник, односно главниот функционер за коронавирусот во земјата, Ариел Анри.

Би можело да ве интересира

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

Во автомобил бомба убиен член на Луганска Народна Република

Банда на Хаити пукаше кон демонстранти и уби седум лица

Горан Наумовски