(ВИДЕО) Возач претекнувал иако ништо не се гледало, а потоа се направи вистински пекол: Снимки од големиот верижен судар во Унгарија

Од:

Камера на камион снимила што се случи вчера на автопатот М1 недалеку од Будимпешта каде во верижен судир учествуваа 42 возила.

На снимката се гледа автомобил кој со голема брзина се движи по левата лента, а и тогаш видливоста била значително намалена поради песочната бура. Кога возачот на автомобилот сакал да се врати на другата лента, налетал на куп други возила кои веќе биле наредени едно врз друго.

Едно лице загина во масовниот верижен судар во близина на градот Херцегсанто, а телото е пронајдено под изгорен автомобил.

Во болница се пренесени 39 повредени, од кои 14 се во тешка состојба Меѓу повредените има и десет деца, а четири се со тешки физички повреди.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Унгарија: Мајка крвнички си го уби детето

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се урна авион во Унгарија, загинаа татко и син

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во Унгарија: Утрово уште посилно се стресе

Во Унгарија запленети наркотици во вредност од 1,2 милијарди евра

Унгарскиот парламент не гласаше за прием на Шведска во НАТО на вонредната седница, свикана на иницијатива на опозицијата

Дете почина во авион: Драма на небото над Будимпешта

Ана Ололовска