ВИДЕО: Војниците на Мали тврдат дека ги уапсиле претседателот, премиерот и неколку министри

Од:

Побунетите војници на Мали тврдат дека ги уапсиле претседателот на државата Ибархим Бубакар Кејта и премиерот Боуно Цисе, за останати високи функционери се уште нема информации, пренесе „Си-Ен-Ен“.

„Кејта и Цисе се под наша контрола“, изјави непознат војник припадник на милитантната група.

Тој додаде дека претседателот и премиерот на Мали се на пат кон воената база Кати, оддалечена 20 километри од Бомако, каде војниците денеска откажаа послушност поради малите плати.

Муса Факи Махамат, претседател на Африканската унија остро ги осуди вестите за апсењата, во твитот објавен денес.

Тој додаде дека ги повикал „бунтовниците да престанат со употреба на насилство“ и побара од меѓународната заедница да се спротивстави на какво било користење сила.

Претходно, локалните медиуми објавија дека неидентификувани вооружени лица го уапсиле претседателот на Парламентот на Мали, Мусу Тимбина и министерот за економија и финансии Абдулај Дафе, додека западните медиуми јавија дека уапсена е и министерката за надворешни работи Камиша Камара.

Претходно, Владата на Мали ги повика побунетите војници на „братски дијалог со цел да се решат несогласувањата“, додека премиерот Цисе истакна дека „бунтот покажува одредено количество на фрустрација, за која можеби има и легитимни причини“.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска разговараше со претседателите на Нигерија, на Брегот на Слоновата Коска и на Сенегал и им даде „целосна поддршка за медијација“ како би се надминала кризата во Мали.

Во меѓувреме, припадниците на опозициското движење „5 јуни“ повикаа на протести, а едно од барањата е претседателот Кејта веднаш да поднесе оставка.

Кејта на изборите во 2018 година го освои вториот претседателски мандат, но граѓаните на Мали не се задоволни поради корупцијата, лошото водење на економијата и влошената безбедносна ситуација.

Се уште не е познато колку војници учествувале во бунтот.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска