ВИДЕО: Воена парада во Кабул

Од:

Талибанските сили денеска одржаа воена парада во Кабул, прикажувајќи ги заробените американските оклопни возила и руските хеликоптери.

– Парадата е организирана по завршувањето на обуката на 250 војници, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, Енаиатулах Хваразми.

На парадата беа прикажани десетина американски оклопни возила М117 и хеликоптери МИ-17. Голем број војници носеа пушки М-4 од американско производство.

Талибанските власти соопштија дека пилоти, механичари и други експерти од поранешната авганистанска национална армија ќе бидат интегрирани во новите сили, кои исто така почнаа да носат конвенционални воени униформи наместо традиционалната авганистанска облека што вообичаено ја носат нивните борци.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан