ВИДЕО: Во торнадо во Тенеси загинаа 22 лица, прогласена вонредна состојба

Од:

Од торнадото кое изутринава го погоди Тенеси, загинаа најмалку 22 лица, повеќемина се повредени, а околу 50 илјади домаќинства и фирми останаа без струја. Урнати се десетици згради, помали аеродроми и хангари.

Загинатите се во четири најпогодени окрузи: Дејвидсон (во Нешвил), Путнам, Бентон и Вилсон. Торнадото се појавило во Камден, мало гратче на 160 километри западно од Нешвил.

-Имаме мртви насекаде во државата, изјави Бил Ли, гувернер на Тенеси.

Покрај утврдената смртност од торнадото, укажа дека се уште не се знае точната бројка и дека многумина се водат за изчезнати. Во државата е прогласена вонредна состојба, а аеродромот и железничките линии во Нешвил се во прекин.

Торнадото го наруши и денешното гласање кое е запрено во многу избирачки места. Тенеси е една од 14. држави каде денеска, на „супер вторник“ се избира номинација за претседателски кандидат од Демократската партија.

Засега, ова е едно од најразурнувачките и најсмртоносни торнада во овој дел на САД, откако лани истото време во округот Ли, Алабама, од стихијата загинаа 23 лица.

Во наредните денови во посета на Тенеси треба да дојде претседателот на САД, Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана