(ВИДЕО) Во Тел Авив е убиен напаѓач кој со пиштол уби маж, а рани неколкумина

Од:

Полицијата во Тел Авив уби вооружен напаѓач кој со пиштол уби маж, а повреди неколку други и со автомобил влета во пешаци.

Здравствената служба Маген Дејвид Адом (МДА) соопшти дека едно лице загинало, а шест се ранети.

Најмалку уште три лица се повредени кога на нив налетал автомобил, додава МДА. Можно е нападот да се случил на две локации, на улицата Кауфман и во близина на паркот Чарлс Клор, пишува The Times of Israel.

Според весникот, во нападот загинал италијански турист на возраст од околу 30 години, додека напаѓачот, како што се наведува, е државјанин на Израел со арапско потекло.

Израелската полиција соопшти дека го „неутрализирала“ напаѓачот.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск