ВИДЕО: Во шумските пожари во Калифорнија уништени повеќе од четири милиони хектари земја

Од:

Повеќе од четири милиони хектари беа уништени во шумските пожари што ја зафатија американската држава Калифорнија од почетокот на годинава, соопштија противпожарните служби во САД.

Најмалку 31 лице го загуби животот, а над 8.454 куќи и други објекти беа уништени.

Од почетокот на годината, пет од шесте најголеми пожари се регистрирани во историјата на таа земја поради топлите бранови и бури проследени со удари на гром, за што научниците веруваат дека таквата појава е резултат на глобалното затоплување.

„Нема зборови за да се опишат настаните“, изјави Скот Меклин, службеник на противпожарната служба во Калифорнија.

Сојузната држава се соочи со суша што доведе до болести и појава на инсекти кои уништија милиони дрвја.

Десетици винарии беа оштетени во пожарите во областа Напа, каде се наоѓаат повеќе познати лозја.

Метеоролозите за оваа недела најавуваат намалување на температурите во северна Калифорнија, со можност за појава на дожд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници